• четврток, 17 јули 2025

Јапонката Сакамото најави крај на кариерата во уметничко лизгање

Јапонката Сакамото најави крај на кариерата во уметничко лизгање

 

Токио, 29 јуни 2025 (МИА) – Трикратна последователна светска шампионка во уметничко лизгање во 2022, 2023 и 2024, 25-годишната Јапонка Каори Сакамото објави дека ќе ја заврши кариерата по Зимските олимписки игри во Милано следниот февруари.

„Чувствувам како да ми останува помалку од една година во мене. „Ќе имам 29 години за време на Игрите во 2030 година, па затоа натпреварувањето таму е невозможно“, рече Сакамото.

Кога минатата година го освои својот трет последователен златен медал на светското првенство, Сакамото стана првата натпреварувачка во уметничко лизгање која го постигнала овој подвиг по 56 години и Американката Пеги Флеминг.

Претходно оваа година, Сакамото се обиде да го освои своето четврто злато по ред, но заврши второпласирана зад Американката Алиса Лиу.

На ЗОИ 2022 во Пекинг, Сакамото освои бронза во поединечна конкуренција, додека сребро во тимска конкуренција со Јапонија. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан