• сабота, 21 декември 2024

Јапонија ја разгледува можноста за купување крстосувачки ракети „Томахавк“

Јапонија ја разгледува можноста за купување крстосувачки ракети „Томахавк“
Токио, 28 октомври 2022 (МИА) - Јапонија ја разгледува можноста да купи американски крстосувачки ракети „Томахавк“, со цел да се спротистави на зголемените регионални закани, особено од Северна Кореја. Повикувајќи се на извори од јапонската Влада, весникот „Јомиури“ денеска објави дека Токио е во завршна фаза на преговорите со Владата на САД за набавка на ракети со среден дострел. Зависно од подрачјето на лансирање, Корејскиот полуостров ќе биде во домет на овие проектили, наведува весникот. Одлуката за набавка на ракети „Томахавк“, би била контроверзна во земја чиј пацифистички устав од 1947 година ги ограничува воените способности на јапонските одбранбени сили, пишуваат дел од светските медиуми. бд/сд/

Остани поврзан