• четврток, 25 јули 2024

Јапонија се соочува со четврти бран на пандемијата

Јапонија се соочува со четврти бран на пандемијата
Токио, 5 април 2021 (МИА) - Јапонските здравствени власти соопштија дека различни видови на коронавирусот предизвикуваат четврти бран на пандемијата, само 109 дена до почетокот на Олимписките игри во Токио. - Мутираниот вид на Ковид-19, првпат откриен во Велика Британија, се појави во регионот Осака, и побрзо се шири побрзо и ги полни болничките кревети со посериозни случаи во споредба со оригиналната варијанта на вирусот, изјави владиниот советник за пандемијата Коџи Вада. Тој додаде дека четвртиот бран ќе биде поголем од претходните. Ситуацијата е најтешка во Осака, каде бројот на новозаболени минатата недела достигна нов рекорд, поради што регионалната влада минатиот понеделник ги продолжи мерките за заклучување за уште еден месец. ми/

Остани поврзан