Јапонецот Миура ја најави својата 40 фудбалска сезона
- Највозрасниот активен професионален фудбалер во светот, Јапонецот Казујоши Миура, кој во февруари ќе го прослави својот 58 роденден, објави дека ќе ја одигра својата 40-та сезона во професионалниот фудбал, јавија денеска локалните медиуми.
Токио, 12 ноември 2024 (МИА) – Највозрасниот активен професионален фудбалер во светот, Јапонецот Казујоши Миура, кој во февруари ќе го прослави својот 58 роденден, објави дека ќе ја одигра својата 40-та сезона во професионалниот фудбал, јавија денеска локалните медиуми.
Миура е член на Јокохама, но е позајмен во јапонскиот четвртолигаш Атлетико Сузуки, за кој забележа десет настапи, а планира да во дресот на овој клуб да игра и во својата 40. професионална сезона.
„Не планирам да се повлечам, мојата страст за играта е сè уште силна како порано“, изјави Миура во јуни кога пристигна во Атлетико Сузука.
„Кралот Казу“ како што го нарекуваат Миура во родната Јапонија, го носеше репрезентативниот дрес од 1990 до 2000 година и во тој период забележа 89 настапи и постигна 55 голови.
Миура го направи своето професионално деби во 1986 година за Сантос, клубот кој го прослави бразилската ѕвезда Пеле. Покрај Бразил и Јапонија, настапуваше и за екипи од Италија, Хрватска, Австралија и Португалија. ег
ФОТО: Икс