• петок, 22 ноември 2024

Прилепската стопанска комора бара при субвенционирањето за зголемување на платите да се земе просекот за август, септември и октомври

Прилепската стопанска комора бара при субвенционирањето за зголемување на платите да се земе просекот за август, септември и октомври

Прилеп, 30 ноември 2023 (МИА) - При субвенционирањето на компаниите за зголемување на платите на вработените да се земе просекот на платите од август, септември и октомври и да се однесува на сите приватни компании без исклучок, сугерираат од прилепската Регионална стопанска комора каде позитивно ги оценуваат мерките. 

- Предлагаме при основата врз која ќе бидат планирани средствата за субвенционирање да бидат земени предвид исплатените плати од август, септември и октомври. Објавата е дадена сега, за плати кои не се исплатени за ноември. Тоа значи дека веруваме дека би можело да настане одредена злоупотреба во зголемувањето на платите. Имено, сметаме дека може да настане автоматско намалување на платите за да може просечната сума врз која ќе биде исплатена зголемената плата и нејзиното субвенционирање да биде пониско. За да биде успешно реализиран овој пакет-мерки, сметаме дека треба да се земат како норми исплатените плати во август, септември и октомври, вели Ирена Јакимоска, претседателка на прилепската Регионална стопанска комора.

Од Комората оценуваат дека оваа мерка ќе влијае позитивно врз животниот стандард и ќе овозможи повеќе работодавачи да ги зголемат платите и да бидат конкурентни на пазарот. 

Деветтиот пакет антикризни мерки тежи 662 милиони евра и содржи 26 мерки.  Стопанството ќе биде поддржано со над 492 милиона евра, а ќе бидат поддржани и најранливите категории на граѓани. ем\сх/

Фото: МИА

Остани поврзан