• вторник, 15 октомври 2024

Јакимовски: Мора да покажеме зошто сме тука

Јакимовски: Мора да покажеме зошто сме тука
Скопје, 26 јуни 2022 (МИА) – Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски во претстојните две средби, со Шпанија и со Украина, гледа шанса да се покаже дека помладите во ростерот на „црвено-жолтите“ поседуваат квалитети достојно да се претстават. Јакимовски по враќањето од САД, му се придружи на нашиот национален тим во подготовката за двата дуели од квалификациите за Светското првенство 2023. - Конечно по долг период можам да играм за сениорскиот тим. Огромно задоволство е да се игра за репрезентацијата и тоа е предизвик. Немаме притисок, на нас ни останува да го дадеме најдоброто од себе и да го дадеме максимумот од себе, а за резултатите ќе видиме. Имаме доста млад тим, но мора да покажеме зошто сме тука. Резултатите можеби нема да ги видиме сега, но важно е сите помладите да почнеме од некаде и да градиме тим. Со актуелниот светски шампион ќе видиме до каде сме, првиот натпревар е против таа силна Шпанија, но ние нема предвреме да се предадеме, порачува Јакимовски преку официјалниот сајт на КФСМ. Натпреварот со Шпанија е закажан за 1 јули во Сарагоса, дуелот со Шпанија се игра на 4 јули во Скопје. зс/

Остани поврзан