• понеделник, 23 декември 2024

Јагнето се бара за извоз, сточарите незадоволни од откупната цена

Јагнето се бара за извоз, сточарите незадоволни од откупната цена
Прилеп, 9 април 2022 (МИА) - Македонското јагне се бара на странските пазари, но понудата е сѐ помала. Побарувањата се уште поголеми, но се јавува недостиг од јагнешко месо, констатираат од кланичката индустрија. Според Тони Павлоски од кланична индустрија, извозот е непречен, а со домашниот пазар „тешко оди“. - Откупот на јагнињата тече непречено, понудата секоја година е послаба, побарувањата за извоз се поголеми, полека се појавува недостиг на јагнешко месо. Во споредба со лани, побарувачката е поголема за извоз, ама за домашниот пазар тешко оди. Нашата фирма извезува во Хрватска и во Италија. Откупната цена во моментов е околу 180 денари за килограм жива мера. На сточарите секогаш им е малку, на откупувачите, многу. Како што се работите, најверојатно ќе се појави недостиг од јагнешко, најмногу поради цената. Моментално, продажната цена е 380 денари. Тешко некако е и со продажбата и со побарувачката за домашен пазар. За понатаму, ништо не се знае, пазарот ја одредува цената. Извоз има, има и за домашен пазар, ама потрошувачката не е како порано, објаснува Павлески. Ѕвонко Мицески е сточар од Штавица, Прилепско. Чува преку 300 овци, и од дете е со стадата. Мицески не е задоволен со отгкупната цена, сѐ уште чека подобра. Бара државата ветените 400 денари за заклано јагне побрзо да ги ислплаќа, а вели, потребни се и други субвенции. Мицески знае дека е намален сточниот фонд. - Не сум задоволен, цената е 170 денари, храната за јагнињата е 25 денари од килограм. Ни ветија по 400 денари од заклано јагне, ама кога ќе ги дадат парите?! Многу ни е битно што побрзо да ни ги дадат. Но, и други субвенции ни требаат, трошоците се големи. Јагнињата уште не ми се продадени. Чекам прифатлива цена. Ќе почекам уште неколку дена и ќе мора да ги дадам. Храната за нив е многу скапа. Јас чувам овци уште од дете, ама полека се намалува бројот, вели Мицески. Граѓаните се скептични и не знаат колку јагнешкото ќе го има на велигденската трпеза. Сметаат дека цените се високи, а до Велигден може да бидат уште поголема. свс/сп/

Остани поврзан