• сабота, 23 ноември 2024

Јавниот превоз во Скопје в понеделник по неделен возен ред, Жичарницата ќе работи вообичаено

Јавниот превоз во Скопје в понеделник по неделен возен ред, Жичарницата ќе работи вообичаено
Скопје, 29 април 2022 (МИА) - Поради Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај и верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз во Скопје в понеделник ќе се одвива по неделен возен ред. Од ЈСП „Скопје“ информираат дека во понеделник, од 7 до 14 часот дежурни ќе работат билетарниците кај Транспортниот центар и Зелено пазарче, како и во Ѓорче Петров. Утре, сабота (30.04.2022 год), сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено, а недела (1.05.2022 год) е неработен ден за сите продажни места. Жичарницата за време на претстојниот викенд, како и в понеделник ќе функционира вообичаено од 10 до 18 часот. фф/сп/

Остани поврзан