Јавна дискусија „Инвестиција во знаење - пат кон поефикасна администрација“
- Министерството за јавна администрација организира јавна дискусија за имплементацијата на Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници „Инвестиција во знаење - пат кон поефикасна администрација“.
Скопје, 29 октомври 2025 (МИА) - Министерството за јавна администрација организира јавна дискусија за имплементацијата на Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници „Инвестиција во знаење - пат кон поефикасна администрација“.
Како што соопшти Министерството, воведни обраќања на настанот ќе имаат министерот за јавна администрација Горан Минчев, францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер и извршната директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП) Неда Малеска Сачмароска.
-Настанот ќе биде од исклучителна важност за развојот на капацитетите на јавната администрација во процесот на европска интеграција, а со тоа и приближувањето кон единствениот европски административен простор, стои во соопштението на МЈА. нд/хс/
Фото: МИА архива