• понеделник, 23 декември 2024

Јавната седница на Апелација за „Меѓународен сојуз“ одложена за 15 декември

Јавната седница на Апелација за „Меѓународен сојуз“ одложена за 15 декември

Скопје, 3 ноември 2023 (МИА) – Јавната седница пред Апелациониот суд Скопје по кривичниот предмет КОКЖ- 153-22 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз” денеска се одложи за 15 декември.

На денешната седница во Апелација присутна беше само обвинетата Јасна Ерцеговиќ и адвокатите Стеван Павлески и Владимир Туфегчиќ, како и јавниот обвинител Бурим Рустеми.

Судијата Зоран Димитриевски, констатираше дека обвинетиот Бојан Јовановски е уредно поканет, но не е спроведен од КПУ Идризово, додека неговиот татко, обвинетиот Миле Јовановски не е присутен, но судот нема доказ за уредна покана.

- Имајќи го предвид наведеното. За денешната јавна седница нема доказ за уредна покана на обвинетиот Миле Јовановски. Советот оцени дека не се исполнети законските обврски за одржување и се одлага за 15 декември, информира Димитриевски.

Судијата, на почетокот информираше дека до Судот пристигнале два поднесоци со барање за одложување на денешната седница.

На 30 октомври годинава обвинетиот  Бојан Јовановски – Боки 13 доставил известување до Судот со барање за одлагање на јавната седница, со образложение дека медицинскиот протоколи за здравствената ситуација подразбира исклучиво строг третман во траење од десет дена и истиот завршува на 8 ноември. Од тие причини, а со оглед на барањето лично да присуствува на јавната седница и да ги елаборира жалбените наводи Јовановски бара од Судот да одреди нов термин за јавна седница. 

На 2 ноември годинава во Судот е примен писмен поднесок од бранителот на Бојан Јовановски, Миле Јовановски и Христина Блажеска со барање за одлагање на јавната седница со образложение дека во истите термин е ангажиран како бранител на четири обвинети во притворски предмет пред Кривичен суд.

Судечкиот совет при Основниот Кривичен суд - Скопје определи вкупно 14 години затвор за обвинетите во случајот „Меѓународен сојуз“. Единствена казна затвор во траење од девет години судот му

Судењето за „Меѓународен сојуз“ заврши на 7 април 2022 година. Судечкиот совет при Основниот Кривичен суд - Скопје определи вкупно 14 години затвор за обвинетите и тоа единствена казна затвор во траење од девет години на првообвинетиот Бојан Јовановски за „измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“. Обвинетата Јасна Ерцеговиќ, исто така, е прогласена виновна за „измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ со што судот на неа ѝ определи единствена казна затвор од четири години во која се смета и времето поминато во куќен притвор. Судечкиот совет ги ослободи од обвинение за „измама“ обвинетите Фросина Ташевска Ременски и Христина Блажевска, додека Блажевска, се обвинува само за „перење пари и други приноси“ и се осудува на казна затвор во траење од една година. Судот на обвинетиот Миле Јовановски за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ му утврдува единствена казна затвор од две години која нема да се изврши ако обвинетиот во рок од пет години по правосилноста на пресудата не стори кривично дело. Правното лице „Меѓународен сојуз“ судот го осуди со казна од еден милион денари. 

Судењето го водеше судијката Софче Гаврилова – Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

Според обвинителниот акт, во периодот од 8 јули 2017 година до 13 април 2018 година првообвинетиот, како претседател на обвинетата невладина организација „Меѓународен сојуз“, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, ги искористил документите од посочената НВО и довел и одржувал во заблуда две оштетени лица. Тој лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата и оштетените вака доведени во заблуда на штета на својот имот му исплатиле преку Македонска авторска агенција износи кои надминуваат значителна вредност, и тоа 719 905 евра, односно 233 821 евра во денарска противвредност. аа/ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан