• петок, 22 ноември 2024

Јавен повик за видеоучество на едукативните предавања на шестото издание на Деновите на финансиската писменост

Јавен повик за видеоучество на едукативните предавања на шестото издание на Деновите на финансиската писменост
Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) - Во организација на Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување од 23 до 25 ноември по шести пат ќе се одржат Деновите на финансиската писменост, со обезбедување предавања на повеќе теми за секој заинтересиран граѓанин. Народната банка соопшти дека во организација на Деновите на финансиска писменост се очекува вклучување и на приватниот финансиски сектор. Како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост, Народната банка упатува јавен повик за сите заинтересирани граѓани да го пријават својот интерес за учество на едукативни предавања, кои ќе се одвиваат преку видеоконференциска врска. Предавањата кои ќе се спроведуваат во рамките на одбележувањето на Деновите на финансиската писменост, се со цел да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги. Јавниот повик и повеќе информации за пријавување за учество на е-предавањата, можете да најдете на https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-od-23-do-25-noemvri-godinava-ke-se-odrzi-sestoto-izdanie-na-denovite-na-finansiskata-pismenost.nspx. ев/дма/

Остани поврзан