• понеделник, 23 декември 2024

Ѓуровиќ избрана за претседателка на Парламентот на Црна Гора

Ѓуровиќ избрана за претседателка на Парламентот на Црна Гора
Подгорица, 28 април 2022 (МИА) - Данијела Ѓуровиќ, пратеничка на Социјалистичката народна партија, денеска е избрана за претседателка на Парламентот на Црна Гора. По изборот, Ѓуровиќ положи заклетва. На денешната седница треба да се избере нова малцинска влада на предлог на мандатарот Дритан Абазовиќ. Новата влада, како што е предложена, ќе има 18 ресори, четворица вицепремиери и двајца министри без ресор. На седницата не присуствуваат пратениците на Демократите, Демократскиот фронт, Обединета и Десницата на Црна Гора. На почетокот на февруари црногорскиот Парламент изгласа недоверба на владата на премиерот во заминување Здравко Кривокапиќ. ми/

Остани поврзан