• четврток, 19 декември 2024

Ѓукановиќ: Да не се инсистира на устоличување на митрополитот Јоаникиј во Цетиње

Ѓукановиќ: Да не се инсистира на устоличување на митрополитот Јоаникиј во Цетиње

Подгорица, 28 август 2021 (МИА) - Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска апелираше да не се инсистира на устоличување на митрополитот Јоаникиј во Цетинскиот манастир, туку церемонијата да се одржи во друг храм.

- Поради се што кажав, единствено реално е да упатам апел дека не е паметно да се инсистира на устоличување на митрополитот во Цетиње и Цетинскиот манастир. Мудро е да го преместите настанот од престолнината и да се направи во некој од другите храмови. Само таков пристап би бил добар залог за иднината, посочи Ѓукановиќ.

Тој додаде дека „подолг период од Србија, од белградската Патријашија можеа да се слушнат многу несоодветни зборови на сметка на Црна Гора и Црногорците, што не можеше да се доживее поинаку, освен како навреда“.

На 22 август во Цетиње се одржаа протести поради устоличувањето на Јоаникиј Миќовиќ за митрополит црногорско-приморски на Српската православна црква (СПЦ), што е закажано за 5 септември во Цетинскиот манастир. Противниците на овој верски чин бараат церемонијата да се одржи на дрго место на Црна Гора или во седиштето на Српската православна црква во Белград.

Владиката Јоаникиј претходно изјави дека е роден во Црна Гора и дека не може да биде окупатор на неговата земја, за што, патем, ја обвинуваат Српската православна црква, Србија и него. ми/

Остани поврзан