Ѓорѓиевски: Ретките болести не смеат да значат невидливост
- Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на ретки болести, во организација на Националната Алијанса за Ретки Болести на Република Македонија. На настанот присуствуваа и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, претседателот на Комисијата за ретки болести, др. Злате Стојановски, како и претседателката на Националната Алијанса за Ретки Болести, Наташа Ангелковска, информираат од Општина Кисела Вода.

Скопје, 28 февруари 2025 (МИА) - Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на ретки болести, во организација на Националната Алијанса за Ретки Болести на Република Македонија. На настанот присуствуваа и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, претседателот на Комисијата за ретки болести, др. Злате Стојановски, како и претседателката на Националната Алијанса за Ретки Болести, Наташа Ангелковска, информираат од Општина Кисела Вода.
-Денеска, на 28-ми февруари, се приклучуваме кон глобалната иницијатива за подигнување на свеста за лицата со ретки болести. Ова не е само симболичен ден, туку и потсетник на нашата заедничка одговорност да градиме инклузивно општество во кое секој има еднакви можности и пристап до потребната грижа, рекол градоначалникот Ѓорѓиевски.
Тој додал дека како градоначалник на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, изразува длабока почит кон сите семејства, медицински професионалци и здруженија кои секојдневно се борат за подобри услови за живот и пристап до здравствени услуги за овие лица.
-Нивната посветеност е клучна за создавање поголемо разбирање и прифаќање во општеството. Ние сме свесни за тоа колку е важно да се создадат политики што ќе ги подобрат условите за живот на лицата со ретки болести, како и да се обезбеди пристап до неопходни лекови, терапии и поддршка. Преку нашите иницијативи и во соработка со други институции и здруженија, ќе продолжиме да работиме на зајакнување на правата на овие лица и да им обезбедиме пристап до сите услуги кои им се потребни за достоинствен живот, вели градоначалникот.
Во насока на поддршка, Општина Кисела Вода, посочил, веќе трета година обезбедува канцелариски простории за здруженијата кои се посветени на лицата со ретки болести. Овие простории, сместени во рамките на општинските објекти, како што нагласил, овозможуваат полесен пристап до поддршка и директна соработка со институциите.
-Ретките болести не смеат да бидат невидливи. Да останеме солидарни и посветени на создавање општество кое прифаќа, поддржува и обезбедува достоинствен живот за секого, рекол пистакна претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Ѓорѓиевски. сст/
Фото МИА архива