• понеделник, 23 декември 2024

Ѓорѓиевски потпиша и лично достави 100 решенија за легализација во Кисела Вода

Ѓорѓиевски потпиша и лично достави 100 решенија за легализација во Кисела Вода

Скопје, 4 ноември 2021 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски потпиша 100 решенија за легализација на дивоградби. Вкупно 100 семејства од оваа општина синоќа ги добија решенијата лично од Ѓорѓиевски и од тимот составен од дел од администрацијата и дел од советниците.

- Граѓаните на Кисела Вода повеќе не смеат да бидат жртви на неажурноста на општинската администрација. Отсега секој поднесен документ ќе биде процесуиран во најбрз можен законски рок, а администрацијата ќе биде вистински сервис на граѓаните. Денеска, потпишав 100 решенија за легализации и лично заедно со мојот тим ги доставивме на граѓаните кои со месеци чекаа остварување на своето граѓанско право, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода соопшти дека во насока на побрзо решавање на предметите се зголемува бројот на службеници кои работат на процесот на легализација, се формираат повеќе комисии за вршење увид, со што интензитетот на работа ќе биде зголемен и легализацијата на дивоградбите ќе се одвива со забрзано темпо. Преостанати се уште 5.735 предмети.

Од Општина Кисела Вода ги замолуваат граѓаните кои поседуваат ваков објект да ја докомплетираат документацијата со што процесот на легализалеција би течел непречено и тие би стигнале побрзо до својот имотен лист. мд/ац/

Остани поврзан