• петок, 14 јуни 2024

Ѓорѓиевски на излет на Пеленица со децата со церебрална парализа

Ѓорѓиевски на излет на Пеленица со децата со церебрална парализа

Скопје, 23 мај 2024 

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес на излет во Пеленица се дружеше со децата со церебрална парализа. Како што истакна, овие излети станаа традиција која со радост ја продолжуваат веќе неколку години и секој пат одново потсетуваат на важноста заедничките заложби за создавање на подобро општество за сите.


-На мое големо задoволство, денеска повторно се дружев со децата со церебрална парализа, на нашиот, веќе традиционален излет во Пеленица. Овие дружби се значајни за сите нас, бидејќи се прекрасна можност за сите нас да се поврземе, да се поддржиме и да создадеме моменти на радост и заедништво. Како човек и како градоначалник на Општина Кисела Вода, секогаш се залагам за подигнување на јавната свест за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со церебрална парализа. Мојата заложба е да работиме сите заедно кон подобрување на нивните права и можности за што понезависен, посамостоен и целосно интегриран живот во нашето општество. Една од моите бројни активности во оваа сфера е отворањето на клубот за лицата со церебрална парализа во Расадник, кој го финансирам лично заедно со лицата од мојот кабинет. Овој клуб е место каде децата се дружат и социјализираат, каде создаваат нови пријателства и  уживаат во различни активности. Често сум гостин во клубот и можам да видам колку е значајно за нив да имаат вакво место каде се чувствуваат прифатено и поддржано. Лицата со церебрална парализа не смеат да бидат маргинализирани. Тие се дел од нашата заедница и заслужуваат поддршка и разбирање. Со ваквите дружења и настани, се надевам дека им го разубавуваме секојдневието и им покажуваме дека не се сами во своите предизвици-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Општина Кисела Вода 

 

Остани поврзан