• понеделник, 23 декември 2024

Ѓорческа поразена во финалето во Оломуц

Ѓорческа поразена во финалето во Оломуц
Оломуц, 24 јули 2022 (МИА) – Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја освои титулата на ИТФ турнирот во чешкиот град Оломуц. Ѓорческа во финалето загуби попладнево од домашната тенисерка Сара Бејлек со 2-0 во сетови. Чешката тенисерка убедливо го доби првиот сет препуштајќи и на Ѓорческа два гема, додека македонската тенисерка го загуби вториот сет во тајбрејк. ег/вј/

Остани поврзан