• петок, 05 декември 2025

Ѓорческа елиминирана во 2. коло на турнирот Куршумлиска бања, Србљак поразен на фјучрсот

Ѓорческа елиминирана во 2. коло на турнирот Куршумлиска бања, Србљак поразен на фјучрсот

Куршумлиска Бања, 22 мај 2025 (МИА) - Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ фјучрсот, Куршумлиска бања 75 откако денеска во мечот од второто коло загуби од Ана Сискова од Чешка со 2:0, по сетови 6:2 и 7:6(2) за 84 минути игра.

Ѓорческа следната седмица ја очекува уште еден турнир во Куршумлиска Бања.

Неуспешен ден во Куршумлиска Бања имаше и македонскиот тенисер Горазд Србљак.

Тој го заврши настапот на ИТФ фјучрсот 15 откако во мечот од првото коло загуби од Шпанецот Карлос Гиларди со 2:0, по сетови 6:4 и 6:3.

Според пријавната листа македонскиот тенисер и следната недела го очекува настап во квалификациите на турнир во овој српски туристички центар. зс/

Фото: ТФМ

Остани поврзан