• петок, 17 мај 2024

Ѓорческа го заврши настапот на фјучерсот во Сплит

Ѓорческа го заврши настапот на фјучерсот во Сплит

 

Сплит, 3 април 2024 (МИА) – Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во третото коло на фјучерсот во хрватскиот град Сплит, откако попладнево беше поразена од Вероника Ерјавец (ВТА, 191) од Словенија со 2-0 во сетови.

Ѓорческа (ВТА, 225) беше немоќна против петтата носителка. освојувајќи два гема во првиот и еден во вториот сет во дуел кој се играше 55 минути.

Македонската тенисерка во воведното коло со 2-0 во сетови беше поуспешна од Германката Настасја Шунк.

Фјучерсот од серијата 75 на земјена подлога во Сплит се игра за награден фонд од 60.000 долари. ег ФОТО: МИА

Остани поврзан