• понеделник, 23 декември 2024

Ѓорчев: Илјадници граѓани без пасошите, лични карти, регистрации и свидетелства

Ѓорчев: Илјадници граѓани без пасошите, лични карти, регистрации и свидетелства
Скопје, 21 јуни 2021

Почитувана македонска јавност,

Деновиве го гледаме огромното фијаско на оваа власт на Зоран Заев, на Мила Царовска и Оливер Спасовски, со тоа што за илјадници граѓани нема свидетелства, нема лични карти, нема пасоши, нема возачки дозволи, нема регистарски таблици, пунктовите за вакцинација веќе неколку дена наназад се затворени.

Основните работи во Македонија веќе не функционираат, за жал оваа политика на Зоран Заев на просење и питачење на буквално барање милостија за било што не доведе до тоа да државата не може да ги сервисира основните потреби на граѓаните.

Внимавајте имаме ситуација во којашто заврши учебната година, децата се веќе на распуст а свидетелствата не се подигнати, им велат дека ќе бидат готови на 31-ви Август, а дали ќе бидат и тогаш не знаеме со месеци нема пасоши, нема регистарски таблици, нема возачки дозволи, нема лични карти, граѓаните не можат да ги извршуваат своите основни потреби, тоа е нивото и тоа е реалноста за жал во која што живееме.

Во врска со вакцинацијата Македонија беше меѓу последните во светот и последна во Европа која што почна со вакцинација, таа се одвива исклучително споро, на намален број на пунктови.

Македонија е земја со најголема смртност во светот, со човечки животи и погреби ја плаќаме неспособноста на овие некадарници, а сега вакцинацијата не може да продолжи, затоа што вакцини едноставно нема.

Сума сумарум ако сето ова може да се сумира во една реченица тоа е следново имаме фијаско и дебакл на власта каде што тие не ги испорачуваат основните потреби на граѓаните, за учениците нема свидетелства, за граѓаните нема пасоши, нема возачки дозволи, нема лични карти, нема регистарски таблици, вакцинацијата е закочена затоа што нема вакцини, за земјоделците нема субвенции, има зголемување на даноците, има зголемување дополнително сега на акцизата за дизелот од  4 денари сега веќе доаѓаме и до 14 денари кој што им ги испорача Зоран Заев по литар дизел на македонските граѓани, имаме сиромаштија, фијаско и иселување, едноставно буквално катастрофа.

Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан