• недела, 30 јуни 2024

Ѓороски: Компанијата „Моцарт“ дава голема поддршка на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија

Ѓороски: Компанијата „Моцарт“ дава голема поддршка на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија

Скопје, 10 април 2023 (МИА) – Компанијата за приредување игри на среќа „Моцарт“ продолжува со поддршка на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија. Овојпат, компанијата Mozzart беше спонзор на Купот на Македонија во Бодибилдинг и Фитнес кој се одржа во петокот во Арената „Борис Трајковски” во Скопје.

 

Бодибилдинг и фитнес федерацијата и „Mozzart“ за прв пат почнаа да соработуваат во пресрет на Светското првенство во Шпанија, а компанијата ги поддржува во сите натпреварувања.

 

- Морам да ја изразам мојата благодарност до компанијата „Моцарт“ која ни е голема поддршка изминативе години. Помошта која ја добиваме од оваа општествено одговорна компанија е од големо значење за нас. Се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму и заедно ќе освоиме уште многу медали и ќе постигнеме големи успеси “, изјави Претседателот на федерацијата за бодибилдинг и фитнес на Македонија, Бобан Ѓороски.

 

На 22 и 23 април во Арената „Борис Трајковски” во Скопје ќе се одржи Балканско првенство и Херкулес Гранд при, каде „Моцарт“, повторно ќе се јави како спонзор и уште еднаш ќе даде свој придонес во развојот на овој спорт. зс/

Остани поврзан