• понеделник, 23 декември 2024

Ѓоргиевска на затворањето на 7. Меѓународен психијатриски конгрес

Ѓоргиевска на затворањето на 7. Меѓународен психијатриски конгрес

Скопје, 29 октомври 2023 (МИА) - Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, вчеравечер имаше завршно обраќање на свеченото затворање на 7. Меѓународен психијатриски конгрес, којшто од 26 до 29 октомври 2023 година се одржуваше во Охрид.

На 7-миот Македонски психијатриски конгрес со меѓународно учество, кој се одржува во организација на Психијатриското здружение на Македонија во соработка со Институтот за Алцхајмерова болест и невронаука од Скопје, а кој се фокусира на темата „Предизвиците во психијатријата и менталното здравје во третата деценија на 21 век“, Ѓоргиевска, како што информираат од Кабинетот на претседателот, се заблагодарила на реномираните експерти во областа за споделувањето на своето знаење.

Ѓоргиевска, се вели во соопштението, реафирмираше дека полето на психијатријата и менталното здравје се соочува со низа сложени предизвици и дека едно од најважните прашања е зголемената преваленца на нарушувања на менталното здравје.

- Решавањето на овие предизвици бара сеопфатен пристап кој не само што се фокусира на третманот, туку и ја нагласува превенцијата и дестигматизацијата. Неопходно е да ја промовираме свеста за менталното здравје и да се погрижиме оние на кои им е потребно да имаат пристап до квалитетна нега, без оглед на нивните околности, потенцираше сопругата на претседателот.

Во рамки на свеченото затворање на 7. Меѓународен психијатриски конгрес, проф. д-р Ѓоргиевска му ја врачи наградата „Alexander Kurz“ на проф. Звездан Пиртосек, признание коешто го доделуваат организаторите на конгресот. аа/бт/

Фото: Кабинет на претседател

Остани поврзан