Ѓоковиќ објави дека нема да настапи на ЈуЕс Опен
- Поранешниот најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ објави денеска дека нема да може да отпатува во Њујорк за последниот грен – слем турнир сезонава ЈуЕс Опен, кој почнува идната недела.
Њујорк, 25 август 2022 (МИА) – Поранешниот најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ објави денеска дека нема да може да отпатува во Њујорк за последниот грен – слем турнир сезонава ЈуЕс Опен, кој почнува идната недела.
- За жал, не можам да патувам во Њујорк на ЈуЕс Опен, напиша Ѓоковиќ на Твитер пред жрепката за грен – слем турнирот.
- Со среќа на другите тенисери. Ќе останам во добра форма и позитивен дух, и ќе чекам друга шанса да се натпреваруваме заедно, порача српскиот тенисер.
Американскиот закон забранува влез во земјата за невакцинирани странци, меѓу кои е и Ѓоковиќ.
Тоа ќе биде втор грен – слем турнир сезонава кој Ѓоковиќ ќе го пропушти, откако австралиските власти го депортираа во Србија непосредно пред почетокот на Австралија Опен. ег/паг/