• петок, 22 ноември 2024

Ѓоковиќ: Во тенисот најважни се грен-слем титулите

Ѓоковиќ: Во тенисот најважни се грен-слем титулите
Лондон, 9 јули 2021 (МИА) – Мојот сон продолжува, изјави вечерва српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој со пласманот во финалето на Вимблдон се доближи на чекор до освојување на својата 20 грен-слем титула и израмнување на рекордот што го држат Швајцарецот Роџер Федерер и Шпанецот Рафаел Надал. - На оваа етапа од мојата кариера грен-слем трофеите ми значат сè Тие најмногу се вреднуваат во овој спорт. Мојот сон продолжува, но не сум оптоварен. Фокусиран сум само на претстојното финале и не размислувам за ништо друго, изјави 34-годишниот Ѓоковиќ. Најдобриот светски тенисер се пласираше во своето седмо финале на Вимблдон по триумфот од 3:0 во сетови над Канаѓанецот Денис Шаповалов. - Резултатот не ја одразува вистинската слика за натпреварот. Тој имаше сервис за водство во првиот и беше подобар во голем дел од вториот сет. Извонреден тенисер е и ќе се гледаме уште многу пати во иднина, рече Ѓоковиќ за својот противник во полуфиналето. За да го освои рекордниот 20 грен – слем трофеј во кариерате, Ѓоковиќ в недела ќе треба да го победи Италијанецот Матео Беретини, кој за прв пат ќе игра грен – слем финале. ег/

Остани поврзан