• четврток, 16 мај 2024

Ѓоковиќ и Швјонтек први носители на Вимблдон

Ѓоковиќ и Швјонтек први носители на Вимблдон
Лондон, 21 јуни 2022 (МИА) – Србинот Новак Ѓоковиќ во машка и полската тенисерка Ига Швјонтек во женска конкуренција се први носители на претстојниот Грен – слем турнир во Вимблдон. Втор носител е освојувачот на годинешните грен – слем титули на Австралија Опен и Ролан Гарос, Шпанецот Рафаел Надал, а следат Норвежанецот Каспер Руд, Гркот Стефанос Циципас и младиот Карлос Алкараз од Шпанија. Кај тенисерките, втора носителка е Естонката Анет Контавеит, трета е Тунижанката Онс Жабер, а следат Паула Бадоса од Шпанија и Мариа Сакари од Грција. ег/паг/

Остани поврзан