• понеделник, 23 декември 2024

Ѓилас: Србија должи 50,4 милијарди евра

Ѓилас: Србија должи 50,4 милијарди евра
Белград, 16 октомври 2020 (МИА) - Србија е задолжена или во наредниот период ќе повлече кредити во вкупна вредност од 50 милијарди евра, од кои само 11 милијарди евра се има задолжено од Кина, изјави на прес-конференција Драган Ѓилас, претседател на Партијата за слобода и правда (ССП). Како што јави допсникот на МИА од Белград, Ѓилас зборувајќи за вкупната задолженост на Србија за време на владеењето на Српската напредна партија (СНС), презентираше одделно податоци поврзани со најголемите „кредитори“ на Србија. - Кина е на прво место, за разни проекти, кога ќе ги повлечеме сите кредити, долговите ќе бидат 11 милијарди евра. На Русија и должиме 713 милиони евра, од странски инвестициски корпорации - четири милијарди 765 милиони, на ЕБОР 713 милиони евра, изјави Ѓилас. Тој рече дека вкупниот долг на Србија, кога ќе ги повлече кредитите во следниот период, изнесува 50,4 милијарди евра. - Секој човек во Србија должи 5.040 евра веднаш штом ќе се роди, кажа Ѓилас. Тој ги коментираше и претстојните инфраструктурни проекти, за кои претседателот Александар Вучиќ најави дека ќе им бидат доверени на кинеските извршители. - Ќе им платиме 800 милиони евра на Кинезите. Ако се пријавиме до Европската комисија, тие ќе платат 85 отсто од трошоците за изградба, а цената нема да надмине 600 милиони на отворен тендер. Значи, Европа дава 510, што значи дека ние би исплатиле само 90 милиони евра, кажа тој. - За повеќето од овие проекти, Србија зема средства од странски земји или фондови со ограничување да нема тендери или тие се фингирани, под услови полоши од оние на пазарот и овие инфраструктурни проекти ги изведуваат турски, кинески компании со нивните работници, машини и материјали од нивните земји, изјави Ѓилас. На овие наводи на Ѓилас реагираше министерот за финансии, Синиша Мали, кој изјави дека „Ѓилас не знае ништо друго освен да лаже“! -Тој е љубоморен на огромниот успех на Владата на Србија дури и среде пандемијата на коронавирусот, истакна Мали. об/гт/

Остани поврзан