• петок, 22 ноември 2024

„Шјаоми“ претстави повеќе новитети од ерата на вештачката интелигенција

„Шјаоми“ претстави повеќе новитети од ерата на вештачката интелигенција

Барселона, 27 февруари 2023 (МИА) - На Светскиот конгрес за мобилни уреди во Барселона, Шпанија (СКМ), компанијата „Шјаоми“ претстави повеќе технолошки новитети од ерата на вештачката интелигенција. Најголемо внимание привлекоа човеколикиот робот „Сајбер ​1“, „Сајбер​​дог“ и безжичните „алтернативно-реални“ (АР) очила.

Мобилни телефони, слушалки, скутери, паметни кујни, телевизори и други паметни уреди беа претставени на штандот на „Шјаоми“ на СКМ. АР-очилата користат „Снепдрагон XР2-ген“ процесор којшто користи и „Мета квест Про“, а имаат дисплеј што се поврзува со мобилен уред преку „НФЦ“ за полесна контрола меѓу виртуелниот и витинскиот свет.

За роботот „Сајбер уан“, се знае оти тој е првиот изум од својот вид направен во Кина. Компанијата претходно соопшти дека роботот има и „емотивна компонента“, т.е. може да препознае човечки емоции и соодветно да возврати. Машината тежи 52 килограми, висока е 177 сантиметри, се движи со брзина од 3,6 километри на час и ќе чини околу 100.000 долари.

Покрај овие уреди, „Шјаоми“ претстави и прототип на паметен телефон во најава, како и новата „13-ка“ којашто оди во продажба наскоро.  си/ссм/

Фото: Јутјуб.

Остани поврзан