• понеделник, 01 јули 2024

Шумски пожар на шпанскиот остров Ла Палма, евакуирани најмалку 500 луѓе

Шумски пожар на шпанскиот остров Ла Палма, евакуирани најмалку 500 луѓе

Мадрид, 15 јули 2023 (МИА) - Поради шумски пожар на шпанскиот остров Ла Палма наредена е евакуација на најмалку 500 луѓе, соопштија локалните власти.

„Пожарот избувна рано утринава во шумска област во северниот дел на островот. Пламенот уништи најмалку 11 куќи“, изјави претседателот на Канарските острови, Фернандо Клавихо.

Според него, „бројот на луѓе кои треба да бидат евакуирани може да достигне и илјада“.

Четири хеликоптери и четири копнени противпожарни возила се на терен да го локализираат пожарот на островот, кој е дел од шпанскиот архипелаг на Канарските острови во близина на брегот на Западна Африка. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан