• понеделник, 23 декември 2024

Шукова најави потворно пуштање на Хидросистемот „Ѓавато“

Шукова најави потворно пуштање на Хидросистемот „Ѓавато“

Дојран, 27 октомври 2023 (МИА)  - На првата седница на Влада ќе има информација за повторно пуштање на Хидросистемот „Ѓавато“, најави денеска министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, која одговараше на прашањето кога повторно ќе се пушти овој систем, бидејќи нивото на Дојранското езеро е падното за метар и половина. Шукова истакна дека конечно ќе се исправи и грешката од пред осум или девет години, кога тогашна владејачка партија ВМРО ДПМНЕ го укина јавното претпријатие.

-Само од нив познати причини, најверојатно, го укинаа јавното претпријатие и го дадоа на управување на министерството, што согласно Законот е „нон сенс“. Ние ќе ја исправиме таа грешка. Јавно претпријатие беше планирано пред неколку години да се формира, но заради енергетската криза моравме тоа да го одложиме, бидејќи сметките за струја станаа енормно големи и сега кога се стабилизира тој пазар. Во комуникација сме со претседателот и градоначалниците од регионот повторно да се актуелизира прашањето за формирање на Јавно претпријатие, рече Шукова.

Министерката за животна средина и просторно планирање, Шукова додаде дека Хидросистемот „Ѓавато“ има неколку функции-едната е од него да се носи, влева вода во Дојранското езеро и како второ може да го снабдува Богданскиот и Дојранскиот регион со вода за пиење, кој има капацитет од 1.000 литри во секунда.рт/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан