Штутгарт го освои Купот на Германија
- Штутгарт вечерва во Берлин ја победи Арминија во финалето на Купот на Германија со 4:2.
Берлин, 24 мај 2025 (МИА) - Штутгарт вечерва во Берлин ја победи Арминија во финалето на Купот на Германија со 4:2.
Енцо Милот постигна два гола за Штутгарт, по еднаш во листата а стрелците се запишаа Дениз Ундав и Ник Волтемаде.
Третолигашкиот клуб од Билефелд постигна гол преку Јулијан Канија и автогол на Џош Вагноман.
Штутгарт го освои Купот на Германија по четврти пат во историјата.
По триумфот во националниот куп, „Швабите“ изборија пласман за Лигата на Европа во сезоната 2025/26.
Штутгарт со 50 бода освоени бодови ја заврши сезоната 2024/25 во Бундеслигата на 9. место. зс/
Фото: ЕПА