• понеделник, 23 декември 2024

Штрајкот на вработените во Управата за водење на матични книги останува во мирување

Штрајкот на вработените во Управата за водење на матични книги останува во мирување

Скопје, 20 јули 2022 (МИА) - Штрајкот на вработените во Управата за водење на матични книги (УВМК) останува во мирување.

Како што информира Минситерството за правда, на денешната средба на раководството на УВМК со Независниот синдикат и претставник од Владата договорено е до 1 септември да се подготват три опции за начинот на кој ќе се овозможи зголемување на платите на вработените во УВМК.

- На 15 јуни беше потпишан колективен договор, со кој се утврдуваат критериумите за годишен одмор и неплатени отсуства, надоместоците на плата и други примања, исплата на регрес за годишен одмор, додатоци на плата, јубилејни награди и др. Како право кое синдикатот и работодавачот го утврдија во овој договор е минималната плата да биде основна плата, се вели во соопштението.

Министерството за правда, како што се наведува, и во иднина ќе се грижи за унапредување на правата на вработените во УВМК. мд/сп/

Остани поврзан