• петок, 20 декември 2024

Што треба да се избегнува заради поздрав мозок?

Што треба да се избегнува заради поздрав мозок?

Лос Анџелес, 14 октомври 2024 (МИА) - Мозокот е одговорен за сите активности и реакции на човекот во секојдневието. Тука се центрите за координација, размислување, чувства, емоции... Токму затоа, стручњаците велат оти е важно да го сочуваме нашиот најважен орган здрав што е можно подолго време.

Така, психијатарот и познато ТВ-лице од САД, д-р Даниел Амен открива што сѐ треба да се избегнува ако сакаме да го зачуваме здравјето на мозокот.

Шеќерот е меѓу најштетните намирници за мозокот, ако се внесува прекумерно, бидејќи, меѓу другото, поттикнува зависност, воспаленија, депресија, деменција.

Натаму, се препорачува и намалување на кофеинот, којшто го стеснува протокот на крв во мозокот. Никотинот, пак, дејствува слично како кофеинот, затоа што пушењето цигари предизвикува и намалување на волуменот на мозокот.

Удар на топка со глава... Според д-р Амен, фудбалерите имаат 50 отсто поголеми шанси да заболат од деменција од другите луѓе.

И предолгото гледање во екранот влијае на мозокот. Познато е дека многу луѓе денес минуваат осум часа пред екран од компјутер, телефон, ТВ итн. Во таа смисла, науката посочува дека повеќе од три часа пред екраните на ден ја зголемуваат опасноста од анксиозност, депресија и зависност.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан