Штитениците од Заводот во Банско организираа Велигденски базар на плоштадот во Струмица
- Штитениците и персоналот од Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ заедно со деца и родители од Центарот за поддршка „Порака“ денеска на плоштадот во Струмица организира Велигденски базар.
Струмица, 15 април 2023 (МИА) - Штитениците и персоналот од Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ заедно со деца и родители од Центарот за поддршка „Порака“ денеска на плоштадот во Струмица организира Велигденски базар.
На штандовите беа изложени најразлични творби со велигденски мотиви, а целиот настан беше збогатен со музичка програма.
-На Велигден ја славиме љубовта, љубов која слегува од небото, љубов што ја покрива земјата во преобразувачка прегратка, единствена и бескрајна, давајќи повеќе отколку што можеме да замислиме, затоа што оној кој дарува добива радост, среќа, насмевка, рече директорката на Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“, Николина Георгиева.
Покрај штитениците на Заводот, свои творби за продажба понудија и децата и нивните родители од Центарот за поддршка „Порака“ од Струмица и Црвен крст Струмица.
Собраните средства од продажбата ќе бидат наменети за активности на учесниците на денешниот Велигденски базар. рт/вј/
Фото: МИА