• понеделник, 23 декември 2024

Штип за три месеци ќе добие велосипедска патека

Штип за три месеци ќе добие велосипедска патека

Штип, 6 април 2022 (МИА) - Штип за три месеци ќе ја добие првата велосипедска патека. Средствата за оваа намена се обезбедени од буџетот на општината.

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека ќе се прошири постоечката пешачка патека од населбата Балканска до Ново Село и ќе се направи велосипедска патека.

-Во завршна фаза сме со завршување на тендерската постапка за проширување на пешачката патека долж коритото на реката Брегалница. Предвидуваме уште една патека која ќе биде велосипедска, проширување на овој дел кој служи за спорт и рекреација во должина од шест километри од потегот од населбата Балканска до Ново Село. Очекувам по завршување на тендерската постапка веќе од наредниот месец да започнат градежните активности за изведба на оваа патека која ќе биде некаде над 12 милиони денари, вели Јорданов.

Проширувањето на пешачката со велосипедска патека следува по барањето и реакциите од страна на граѓаните, бидејќи сега постоечката патека се користи и за пешачење и за возење велосипед.

-Многу наши сограѓани ја користат за рекреација оваа патека и затоа испланиравме најпрво да ја прошириме со велосипедска патека, а од догодина да ја продолжиме, рече Јорданов. вдј/бак/

Остани поврзан