• петок, 22 ноември 2024

Штипјанец физички ја нападнал сопругата во семејниот дом

Штипјанец физички ја нападнал сопругата во семејниот дом

Скопје, 29 август 2024 (МИА) - Педесет и едногодишен жител на Штип е приведен по пријава за семејно насилство од страна на неговата сопруга, соопшти МВР.

-На 28.08.2024 во 23.40 часот во Штип, полициски службеници при СВР Штип го лишиле од слобода Л.В.(51) од Штип, а по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга,  дека околу 23.35 часот во семејниот дом физички ја нападнал, наведуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. вг/лв/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан