• петок, 22 ноември 2024

Штипски „Исар“ ќе ги анулира дел од загубите на вода со преадаптација на филтер станицата

Штипски „Исар“ ќе ги анулира дел од загубите на вода со преадаптација на филтер станицата

Штип, 14 јануари 2021 (МИА) - Штипското комунално претпријатие „Исар“ очекува да ги реши загубите на водата за пиење низ водоводната мрежа со адаптацијата на филтер станицата за прием на вода од хидросистемот „Злетовица“.

Директорот на претпријатието Живко Тасев вели дека инвестицијата од 4,5 милиони евра се очекува да се реализира во текот на оваа година.

-Кога ќе се завршат сите тие активности и ќе се стави во функција филтер станицата и прием на вода од хидросистемот „Злетовица“, ќе се намалат некои од загубите на водата, вели Тасев.

Подобрување на состојбата со водоснабдувањето во општина Штип, особено во повисоките зони, се очекува и со изградбата на водоводната линија два, која треба да обезбеди стабилно водоснабдување за повисоките зони, но и за фабриките во индустриските зони. Проектот е проценет над 1,2 милиони евра, а ќе се реализира со средствата од ТАВ, кои беа наменети за изградба на Карго аеродромот. вдј/бак/

Остани поврзан