• понеделник, 23 декември 2024

Штипски „Исар“ ги чека потребните дозволи за приклучување на ХС „Злетовица“

Штипски „Исар“ ги чека потребните дозволи за приклучување на ХС „Злетовица“

Штип, 2 февруари 2022 (МИА) - Oпштина Штип официјално ги доби резултати за исправноста на водата од ХС „Злетовица“, правени во Институтот во Белград, а испратени од нашиот Институт за јавно здравје.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека донесена е одлука на Советот на општината да се изврши технички прием на преадаптираната филтер станица и останува сега деновиве да се добие и дозвола, односно решението од Агенцијата за храна и ветеринарство.

- Во наредните неколку денови овие протоколарни дозволи и процедури ќе бидат завршени, за да водата биде ставена во системот на ЈП „Исар“ и да биде дистрибуирана до крајните корисници, односно до потрошувачите, рече Јорданов.

Штипското комунално претпријатие „Исар“ под чии ингеренции е Филтер станицата ќе се спаси со високите сметки за струја, бидејќи преработката на водата од бунарискиот систем е поскапа, каде што се троши и електрична енергија за препумпните станици.

Директорот на ХС „Злетовица“, Миле Илиевски вели дека останува на системот да се приклучат Карбинци и Лозово. Во Карбинци е изградена Филтер станица, во моментов се чека да стартува изградбата на цевководите до селата, а во Лозово се чека на тендерот за изградба на Филтер станицата. вдј/фф/

Остани поврзан