• понеделник, 23 декември 2024

Штипскиот Центар за култура ќе има галерија „Макфест“

Штипскиот Центар за култура ќе има галерија „Макфест“

Штип, 16 јуни 2023 (МИА) - Центарот за култура „Ацо Шопов“ ќе има галерија „Макфест“. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков вели дека во оваа галерија ќе има  амтеријали и документи од основањето, како и плакати, статуетки и награди од реномираниот Фестивал, коишто ќе бидат достапни за посетители, а истовремено ќе биде кафе-галерија во која ќе се слушаат најголемите „Макфест“-хитови.

-Веќе сме разговарале со Стојан Троицки, којшто е еден од основачите на Фестивалот, разговаравме како ќе оди целата процедура за формирањето на оваа галерија. Ќе биде поделено во три фази, првата фаза ќе биде собирање на материјали, документи, основачки акти, плакати, статуетки. Ќе биде една хибридна галерија, која ќе биде и кафе-галерија, а сите граѓани ќе може да уживаат во музиката, да ја слушаат, постојано ќе тече музиката, а од друга страна ќе може да ги гледаат сите сегменти од самиот историски фестивал, вели Трајков.

Според него, ваквиот чекор е со цел чување и негување на материјалното наследство, кое останало од годините наназад, а да биде достапно и за граѓаните наместо да се чува во архивата. Можност да ја видат „Макфест“-културата ќе имаат сите заинтересирани посетители од земјава и странство.

-Во нашиот град историјата мора да се негува и мора да се чува, она што го имаме ние како Центар за култура и што останало во Центарот се историски записи и меморија и овојпат ќе гледаме да го реализираме да биде визуелно и физички присутно за сите посетители. Ќе биде во еден друг концепт којшто ќе можат граѓаните од другите градови, па и другите држави, да можат да дојдат и да го следат развојот на Макфест, од почетокот, па до ден-денес, ќе може да се запознаат сите граѓани, сите уметници, рече Трајков. вдј/сст/

Фото: МИА  

Остани поврзан