• понеделник, 23 декември 2024

Штипскиот Дом на млади ќе добие реконструирана летна тераса

Штипскиот Дом на млади ќе добие реконструирана летна тераса
Штип, 19 март 2021 (МИА) - Штипскиот Дом на млади по 40 години ќе добие реновирана, но и модерна летна тераса, која за повозрасните штипјани е култно место. Оваа летна тераса со познатиот чадор беше сцената на којашто настапуваа речиси сите балкански музички ѕвезди и групи. Директорот на Дом на млади, Горан Трајков, вели дека проектот предвидува младите да добијат нови содржини, но и базен. - По 40 години постоење на летната тераса од Домот на младите ќе биде реконструирана и проширена со нови активности како мултифункционална средина за младите затоа што овој дом го заслужува тоа и е дом на многу генерации. Планирано е да има партерно уредување, ќе има базен и простор за качување по карпи, рече Трајков. Според најавите, тендерската постапка треба да се реализира наредниот месец, а рокот за реконструкцијата е три месеци. Општина Штип проектот го доби преку Источно-планскиот регион, а средствата се обезбедени преку Бирото за рамномерен регионален развој и Министерството за локална самоуправа. Покрај Штип, на листата на проекти од регионално значење се и проекти парк во Општина Кочани, Градски пазар во Делчево, осветлување на магистралниот пат на влезот на Македонска Каменица, изградба на колекторски систем и пречистителна станица во селото Лесново во Општина Пробиштип и реконструкција на постоечкиот пат покрај Беровското Езеро. вдј/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан