• недела, 17 ноември 2024

Штипскиот градоначалник на средба со првиот човек со Хидроситемот „Злетовица“

Штипскиот градоначалник на средба со првиот човек со Хидроситемот „Злетовица“

Штип, 21 Јануари 2021 (МИА) - Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов денеска оствари средба со директорот на Хидросистемот „Злетовица“, Миле Илевски и директорот на пробиштипското комунално претпријатие „Никола Карев“, Ненад Павичевиќ. Николов вели дека на средбата се разговарало за капацитетите и трајното снабдување со вода за пиење од ХС „Злетовица“.

-Општината е целосно посветена на изнаоѓање одржливо решение за снабдување со вода и правиме максимални напори тоа да се оствари, вели Николов.

Во тек е реконструкцијата на штипската Филтер станица, којашто треба да се прилагоди на примање на вода од ХС „Злетовица“, во неа се инвестираат над четири милиони евра. Средствата ги обезбеди Владата со цел по низа на години во функција да се стави ХС „Злетовица“, бидејќи е проектиран да ги снабдува со вода за пиење неколку општини од источниот регион.

Реконструкцијата на штипската Филтер станица се очекува да заврши годинава, со што Штип ќе го реши проблемот со водоснабдувањето во наредните неколку децении и ќе има можност за снабдување со вода од два системи, едниот е преку постојниот бунарски, а вториот е преку ХС „Злетовица“. вдј/сст/

Остани поврзан