• понеделник, 23 декември 2024

Штипска трансфузиологија со апел граѓаните да донираат крв

Штипска трансфузиологија со апел граѓаните да донираат крв

Штип, 19 јули 2024 (МИА) - Резерва на крвни единици се потребни постојано, изјави денеска лекарот и специјалист по трансфуиозна медицина  Мери Шорова од Трансфузиологија – Штип. Посочи дека  потребите на крв во летниот и зимскиот период се подеднакви, но во летниот период има недостаток на крв поради колективните одмори, распустот на средношколци и студенти. Недостатокот на крв се јавува кај сите крвни групи.

-Потребите за крв во летниот и во зимскиот период се подеднакви, меѓутоа во летниот период се соочуваме со недостаток на крв пред се поради тоа што средношколците, студентите не се тука, фирмите користат колективни одмори, луѓето патуваат и затоа се соочуваме со еден недостаток на крв особено од одредени крвни групи, вели  Шорова

Таа додава дека во изминатиот месец крв имаат дарувано 183 дарители, а издадени се вкупно 203 крвни единици. Посочија дека недостатокот на крв се бележи според статистики и е само од еден месец.

-Во изминатиот месец, поточно во нашата служба, имаат дарувано 183 дарители, конкретно за Клиничка болница Штип се издадени вкупно 203 што значи еве го недостатокот со кој се соочуваме во летниот период. Затоа еден апел до нашите хумани граѓани да ја посетат нашата служба, од понеделник до петок од осум до три часот во нашите простории за сите хумани граѓани да можат да ја донираат дргагоцената течност, изјави Шорова. вдј/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан