• понеделник, 23 декември 2024

Штипската филтер станица се приклучува на ХС „Злетовица“

Штипската филтер станица се приклучува на ХС „Злетовица“

Штип, 17 февруари 2022 (МИА) - Штипското комунално претпријатие „Исар“ информира дека водата од водоводната мрежа не треба да се користи за пиење и готвење, туку само за технички потреби.

Во соопштението од ЈП „Исар“-Штип се наведува дека поради прилагодување на параметрите на SCADA системот во делот на хлорирање на водата во наредниот период се до новото известување водата да не се користи за пиење и готвење.

Директорот на ЈП „Исар“-Штип Трајче Здравков за МИА вели дека  со подесувањето штипјани ќе почнат да ја користат водата за пиење од ХС „Злетовица“.

-Во моментов експерти од Словенија работат на подесување на системот и веднаш штом ќе завршат и го подесат системот, ќе ги известиме граѓаните да почнат со користење на водата од водоводната мрежа, вели Здравков.

Штип е единствениот град кој во моментов со вода за пиење може да се снабдува на два начини од бунарскиот систем и ХС „Злетовица“. Приклучувањето на „Злетовица“ ќе значи и помали сметки за струја. Анализите на водата добиени од Институтот за јавно здравје во Белград покажуваат дека квалитетот на водата е одличен. вдј/мд/

Остани поврзан