• петок, 22 ноември 2024

Штипската општинска администрација доби зголемување на платата за 2.600 денари

Штипската општинска администрација доби зголемување на платата за 2.600 денари
Штип, 21 ноември 2022 (МИА) - Вработените во Општина Штип  ќе добијат повисока плата за 2.600 денари. Според претседателот на Синдикалната организација, Борче Везенков станува збор за усогласување согласно со зголемувањето на минимална плата, што веќе било регулирано со колективниот договор, што беше потпишан во септември. -Согласно со колективниот договор што го потпиша Општина Штип, односно градоначалникот со синдикалната организација при Општината, тоа е изедначување со минималната плата. Пред одреден период беше качена минималната плата, знаете дека тие што земаа под 18.000 денари, добија плата од 18.000 денари. Со ова порамнување со минималната плата, тие што тогаш добија покачување, сега им се само израмни платата со другите службеници во Општина Штип, вели Везенков. Посочува дека колективниот договор ги уредува и исплаќањето на јубилејните награди, отсуствата, празниците и сѐ она што им следи на вработените според Закон. Везенков вели, во следниот период Синдикалната организација ќе работи и во таа насока. Вакво порамнување на платата нема во двете јавни претпријатија, „Исар“ и „Стипион“, бидејќи имаат посебни менаџерски тимови и се независни од Општина Штип. вдј/цр

Остани поврзан