• сабота, 23 ноември 2024

Штајнмаер: Германското општество е пред крстопат поради коронавирусот

Штајнмаер: Германското општество е пред крстопат поради коронавирусот
Берлин, 11 април 2020 (МИА) - Пандемијата на коронавирусот ја доведе Германија до крстопат што ќе утврди дали земјата ќе се движи во насока на страв или ќе стане „попромислено и оптимистичко“ општество. Со тие зборови претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер и се обрати на нацијата. „Не сакаме да бидеме плашливо и недоверливо општество“, рече Штајнмаер во обраќањето што го пренесоа најголемите радиодифузери. „Можеме да станеме посигурно, грижливо и оптимистичко општество - можеме да растеме од оваа ситуација“. „Или ќе биде секој човек сам за себе, да се турка, да паничи со купување и погледне себеси и своите, или ние ќе ја искористиме оваа ситуација да се посветиме на другите и на општеството“, нагласи германскиот шеф на државата, кој обично и се обраќа на нацијата само на Божиќ. Корона-кризата е „тест на нашата човечност“, смета германскиот претседател. Штајнмаер исто така се осврна на рестриктивните мерки што Владата ги спроведува во последните неколку недели, велејќи дека нивниот успех зависи „не од политичарите и експертите, туку од сите нас - нашата трпеливост и нашата дисциплина, особено сега што се чини дека е најтешко“. Германија е една од најтешко погодените земји во Европа. Над 120.000 луѓе се позитивни на коронавирусот, а вкупно 2.736 луѓе починаа од Ковид-19. Во говорот, Штајнмаер повика на солидарност во Европа, велејќи дека „Германија не може да излезе од криза силна и здрава ако нејзините соседи не се силни и здрави“. зш/

Остани поврзан