• среда, 17 јули 2024

Штаје: Само со решение за две држави завршува апартхејдот

Штаје: Само со решение за две држави завршува апартхејдот
Ерусалим, 11 ноември 2021 (МИА) - Палестинскиот премиер Мохамед Штаје во средата го предупреди Израел дека израелското отфрлање на решението за деценискиот конфликт според моделот на две држави може да го одржи системот на апартхејдот и на крајот да доведе до реалност на држава во која земјата ќе го изгуби својот еврејски карактер. На прес-конференција за странски новинари, Штаје го обвини израелскиот премиер Нафтали Бенет за, како што рече, „три не“ - не средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас, не мировни преговори и не палестинска држава.
Новата израелска влада, која положи заклетва во јуни, се состои од левичари, централни партии и ултрадесничари и една мала арапска партија, вклучително и противници на палестинската државност. Бенет се противи на формирањето на државата Палестина и одби да се сретне со палестинските власти. Палестинскиот премиер ги повтори барањата на Палестинците да се преговара за мировен договор за формирање палестинска држава на Западниот Брег и Појасот Газа со источен Ерусалим како главен град и ги повика Соединетите Американски Држави и меѓународната заедница да се ангажираат за заживување на мировниот процес кој долго време беше во стагнација. Овие територии се освоени од Израел во војната во 1967 година. паг/  

Остани поврзан