• вторник, 23 јули 2024

Штабот на Трамп ќе побара итно пребројување на гласовите во Висконсин

Штабот на Трамп ќе побара итно пребројување на гласовите во Висконсин
Вашингтон, 4 ноември 2020 (МИА) - Штабот на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ќе побара итно пребројување на гласовите во Висконсин, повикувајќи се на „извештаи за неправилности“. „Има извештаи за неправилности во неколку окрузи во Висконсин кои предизвикуваат сериозни сомневања за валидноста на резултатите. Претседателот повикува на итно пребројување на гласовите и ние тоа веднаш ќе го побараме“, се наведува во соопштението од Изборниот штаб на Трамп. Претходно Трамп изјави дека демократите насекаде „наоѓаат“ гласови за кандидатот Џо Бајден за да ја прекине предноста на Републиканците. Трамп исто така рече дека е „многу чудно“ што за една ноќ во некои држави каде што тој беше во предност, наеднаш Бајден имаше водство. Бајден го престигна Трамп во голем број држави, како Мичиген, Висконсин и Минесота, каде првично водеше сегашниот американски претседател. паг/

Остани поврзан