• петок, 28 јуни 2024

Шпанско – грчко тениско финале во Барселона 

Шпанско – грчко тениско финале во Барселона 
Барселона, 24 април 2021 (МИА) - Шпанецот Рафаел Надал и Гркот Стефанос Циципас, првиот и вториот носител на АТП турнирот од серијата 500. во Барселона, ќе играат во утрешното финале. Надал попладнево во полуфиналето славеше над сонародникот Пабло Карењо - Буста со 6:3, 6:2, додека Циципас претходно денеска беше подобар од Италијанецот Јаник Сибер со 6:3, 6:3. Надал утре ќе игра за својата 12 титула во Барселона, а за противник ќе го има минатонеделниот победникот на мастерсот во Монте Карло и тенисер, кој сезонава има ефект од 9:0 на земјени терени. Во меѓусебните дуели со Циципас, Шпанецот Надал води со 6:2 во победи. ег/ми/

Тагови

Остани поврзан