• петок, 22 ноември 2024

Шпански доброволци спасија 54 мигранти во централниот дел на Средоземното Море

Шпански доброволци спасија 54 мигранти во централниот дел на Средоземното Море

Мадрид, 13 август 2024 (МИА) - Доброволци од шпанската хуманитарна организација „Проактива Оупен Армс“ денеска спасија 54 мигранти кои се наоѓале на гумен чамец во Средоземното Море, во близина на италијанскиот остров Лампедуза.

Спасените лица се претежно сириски државјани. Тие биле пренесени до Лампедуза од страна на италијанската крајбрежна стража, соопшти шпанската организација.

Централниот дел на Средоземното Море е еден од најопасните рути за бегалците кои бараат засолниште во Европа. Минатата година, над 3.100 лица загинаа или исчезнаа во обид да преминат во Европа, според податоците на Агенцијата за бегалци на ОН.

„Проактива Оупен Армс“ соопшти дека во последните четири дена спасила вкупно 383 лица.

Вчера, нивниот спасувачки брод „Астрал“ помогнал на 110 лица, меѓу кои шест жени, четири деца, двајца старци и еден човек со попреченост, кои се наоѓале на претоварен чамец.

Координаторот на мисијата, Естер Кампс, на бродот „Астрал“ изјави дека во последната година хуманитарната организација забележала зголемување на употребата на нестабилни чамци, веројатно рачно изработени во Тунис.

Таа додаде дека ова веројатно се должи на заострената антиимиграциона политика на Тунис, што принудило многу мигранти од Супсахарска Африка да ја напуштат земјата. ссм/

фото: архива/илустрација

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан