• недела, 22 декември 2024

Шпанските клубови најавија штрајк поради Суперлигата

Шпанските клубови најавија штрајк поради Суперлигата

Мадрид, 20 октомври 2022 (МИА) – Претседателот на шпанската фудбалска Ла Лига, Ксавиер Тебас, најави можен генерален штрајк на 28 октомври, откако Владата во Мадрид го донесе контроверзниот Закон за спорт, чии одредби би можеле да го олеснат формирањето на европската Суперлига, јави вечерва шпанското радио COPE.

Според истиот извор, дури 39 од 42 екипи од првата и втората шпанска лига се изјасниле против донесениот закон, а само Реал Мадрид, Барселона и Атлетик Билбао не се противат на повлекување на спорните амандмани.

Меѓутоа, трите клубови ќе поддржат штрајк доколку дојде до него.

Претседателот на Ла Лига свикал вонредно собрание за идниот четврток, по што следниот ден фудбалот во прволигашка и второлигашка конкуренција во Шпанија би можел да запре. ег/паг/

Остани поврзан