• петок, 22 ноември 2024

Шпанскиот премиер повика на претпазливост пред укинувањето на мерките воведени поради пандемијата

Шпанскиот премиер повика на претпазливост пред укинувањето на мерките воведени поради пандемијата
Мадрид, 20 јуни 2020 (МИА) – Шпанскиот премиер Педро Санчез го повика народот да продолжи да се пази во пресрет на утрешното укинување на режимот на зголемена готовност, воведен поради пандемијата на коронавирусот. - Вирусот може да се врати и може да се соочиме со втор бран на зараза, изјави Санчез во телевизиско обраќање. Утре во Шпанија се укинува карантинот и се отвораат границите за граѓаните на Европа. Шпанските медиуми претходно јавија дека од средината на март, во Шпанија биле приведени повеќе од 9.000 луѓе за прекршување на мерките воведени поради пандемијата на Ковид-19. јт/

Остани поврзан